Тренерот на Лацио Симоне Инзаги беше лут на своите фудбалери по нерешениот резултат 1:1 против Киево од 14-то коло на Серија „А“.
„Не е можно да се игра полошо од она што играше Лацио во првото полувреме. Тоа беа најлошите 45 минути, на кои бев сведок, откако сум тренер на Лацио во последните три години. Сакав да ги променам сите 11 фудбалери, но тоа беше невозможно.
На полувремето ги замолив момчињата да ја променат играта. Јас разбирам дека дел од одговорноста е моја, но сè уште очекувам повеќе од тимот. На крајот на натпреварот можеби заслуживме повеќе. Три последователни нерешени средби се знак за тревога, бидејќи испаднавме од топ 4 за прв пат од почетокот на сезоната”, изјави Инзаги.