Одбраната на Барселона е доста неубедлива оваа сезона, но вчера против Виљареал, каталонците успеаа да ја сочуваат својата мрежа и конечно имаа „сува мрежа“ во лигата по повеќе од 3 месеци.
Настапот на екипата повторно не беше толку импресивен, но тимот не дозволи да прими гол. Шампионот започнаа со две чисти мрежи во август против Алавес и Ваљадолид, но потоа започнаа проблемите и имаа серија натпревари кога Барселона секогаш примаше гол.
Повредата на Самуел Умтити дефинитивно влијаеше и во овие 11 натпревари екипата прими дури 19 погодоци, што покажува дека Ернесто Валверде има што да подобрува на дефанзивен план.
Во Лигата на шампионите Барселона е со 2 суви мрежи од 5 средби досега, а во Купот на кралот логично не допушти да примат гол против Културал Леонеса, но тоа не ги прави фановите многу задоволни.