Раководството на фудбалскиот состав Саутемптон се определи да ја прекине соработката со тренерот, Марк Хјуз, откако тимот оствари само една победа во одиграните 14-ет кола во рамките на Премиер лигата.
Заедно со него си заминаа и првиот асистент-менаџер, Марк Боен и првиот асистент-тренер, Еди Нивицки. Саутемптон в среда ќе му гостува на Тотенхем во рамките на 15-то коло во елитната конкуренција на Англија а улогата на тренер времено ќе ја има Келвин Далвис.
Саутемптон во моментов се наоѓа на дното на Премиер лигата со очаен фект од една победа, шест нерешени и дури седум порази.