Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ја освои наградата “Тренер на годината” во Серија А за минатата сезона. Јувентус во исто време беше прогласен за најдобар тим на сезоната.
Церемонијата на доделување на првенствените награди во Серија А се одржа во Милано,
„Ова е прекрасна вечер, и сакам да им се заблагодарам на сите што работат со мене секој ден, особено играчите. Ова се одлични луѓе кои се во голем клуб. Имав среќа бидејќи имам можност да работам со толку многу одлични играчи, а денес во салата го гледам маестро Андреа Пирло. Работата со сите нив беше навистина голема чест за мене“, изјавил Алегри пред присутните.
