Откако првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, потврди дека Манчестер Сити е ставен на тапет поради непочитување на финансискиот фер-плеј и дека може да биде санкциониран и исфрлен од Лигата на шампионите, тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, излезе со негово видување.
„УЕФА го го прави тоа што го сака, затоа со нетрпение чекам да започне истрагата. Верувам во клубот и организацијата“ – потенцираше шпанскиот тренер.
Манчестер Сити по 15. одиграни кола во Премиер лигата е осамен на челната позиција на табелата со пет бодови предност во однос на второпласираниот Ливерпул кој има натпревар помалку.