Фудбалерот на Челзи, Рубен Лофтус-Чик, нема да добие дозвола да го напушти лондонскиот клуб во јануарскиот трансфер период, објави менаџерот Маурицио Сари. 22-годишниот англиски репрезентативец постигн пет голови во последните шест натпревари со што ги заслужи пофалбите од страна на италијанскиот стратег.
„Тој игра во Лига Европа и во Лига Купот како и во одредени натпревари од Премиер лигата, но, не како стартер. Во моментов Лофтус-Чик е многу значаен фудбал за нас, сакам да остане” – рече Сари на прес-конференција пред денешниот меч со Вулверхемптон.
„Тој има проблем да ме разбере што барам од него, но, полека се подобрува. Во последните два меча беше многу среќен. Јас сакам тој да остане и затоа мислам дека нема шанси да си замине во јануари” – потенцираше менаџерот на Челзи.