Капитенот на фудбалскиот состав Интер, Мауро Икарди, не крие дека е презадоволен како одигра во годинава која полека изминува.
Напаѓачот имаше импресивна сезона во Серија А, доби неколку награди а успеа да ги даде првите голови како за Интер во Лигата на шампионите така и за неговата селекција – Аргентина
„Многу сум задоволен како тече 2018 година. Мојот прв гол во ЛШ ми донесе неописливи емоции. Долго чекав и за првиот гол во националниот тим, не можев да побарам ништо повеќе. Имам незаборавна година и заедно со моите соиграчи бевме наградени за нашата напорна работа“ –истакна голгетерот.