Суперѕвездата на Челзи Еден Азар ќе добие над 15 милиони фунти годишно ако се согласи да остане на „Стемфорд Бриџ“ и потпише нов договор со клубот, објавија локалните медиуми.
Договорот беше направен и според менаџерот Маурицио Сари, ако белгискиот фудбалер сака да се обврзе да остане во клубот, тоа може да се случи дури до крајот на оваа недела. Новиот договор ќе му донесе на Азар 300.000 фунти неделна плата.
„Клубот е подготвен веднаш да го обнови договорот, но сега од играчот зависи дали тоа ќе се случи или не. Јас природно сакам да остане кај нас, но само ако сака тој “, рече Маурицио Сари.
„Знам дека разговорите меѓу клубот и неговите агенти се одржуваат секоја недела, па ако има нешто ново за тоа, ќе бидам известен”, додаде Сари.
Еден Азар, исто така сака да оди во Реал Мадрид, па затоа нема да брза да се поврзе со „сините“, но тој ќе почека до крајот на сезоната за да дознае каква ќе биде позицијата на Реал Мадрид и со каква понуда ќе излезат.