Барселона подготвува понуда од 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур, соопшти „Кориере дело Спорт“.
Според информацијата,од „Камп Ноу” ќе ја тестира „Старата дама” колку долго може да го задржува својот нов бисер. Уругвајскиот репрерзентативец совршено би се вклопил во каталонскиот тим, но „бјанконерите” тешко дека ќе го продадат лесно.
Бентанкур ја игра втората сезона во Јувентус, откако беше купен од Бока Јуниорс за скромни 9,5 милиони евра. Сумата беше толку ниска, бидејќи пред тоа екипата од Торино му дозволи на Карлос Тевез да се врати без пари на „Ла Бобонера“.
Договорот помеѓу Јувентус и Бока има клаузула во која се наведува дека Бока Јуниорс ќе добијат 50% од износот на следниот трансфер на Бентанкур. Во моментов Италијанците се обидуваат ја елиминираат можноста за трансфер поради одличниот настап на 21-годишен играч од средниот ред.