Челниците на Ливерпул ја разгледуваат можноста да го купат офанзивниот фудбалер на Борусија (Менхенгладбах), Торган Азар.
Според објавеното во -„Ливерпул Ехо“, клубот може да плати 29 милиони евра за братот на Еден Азар. Менаџерот, Јирген Клоп, дури инсистираа да го има на расплагање Белгиецот во текот на зимскиот трансфер период. Во текстот се наведува дека Борусија (Дортмунд), Севилја, Валенсија, Манчестер Јунајтед и Евертон, исто така испратиле понуди за Азар.
Младиот фудбалер на Менхенгладбах досега одигра 14 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна 8 голови и направи 6 асистенции.

