Денеска ќе започне последното коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Во групата „А“, Бриж ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид а Монако ќе ја пречека Борусија Дортмунд. Шпанците се лидери со 12 бодови, Борусија има 10, Бриж 5 а Монако само 1 бод.
Во групата „Б“ ќе играат Барселона-Тотенхем и Интер-ПСВ. Барса е прва со 13 бодови, Тотенхем и Интер имаат по 7 а ПСВ само еден бод. Во групата „Ц“, Црвена Ѕвезда ќе биде домаќин на ПСЖ а Ливерпул на Наполи. Италијанците се први со 9 бодови, ПСЖ има 8 а Ливерпул 6. Белграѓани се последни со 4 бодови.
Во групата „Д“, тимот на Порто ќе гостува кај Галатасарај додека Шалке ќе биде домаќин на Локомотив Москва. Порто е убедливо прв со 13 бодови, Шалке има 8, Галатсарај 4 а Локомотив Москва 3 бода.

