Meнаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо очекува од Пол Погба биде пример за другите играч на денешното гостување кај Валенсија во последното коло по групи во Лигата на шампионите.
Тој дуел нема да има никакво резултатско значење за тимот од „Олд Трафорд“ кој си го обезбеди пласманот во наредната рунда. Французинот во последните два натпревари во Премиер лигата беше резерва, но, денеска најверојатно ќе биде во првата постава на стадионот „Месталја“.
„Очекувам Погба да игра добро и позитивно да влијае на тимот. Во екипата има многу играчи кои немале прилика да покажат што знаат. Погба треба да им биде пример“, изјави Мурињо.
