Од четврток до недела во малата сала во СЦ Јане Сандански ќе се реализира новото издание на традиционалниот – „Турнир во мал фудбал на медиумите 2018“ , во организација на Спортско радио 90,3 ФМ.

Во групата „А“ ќе играат МРТВ, Канал 5 и ТВ Шења. Групата „Б“ ја сочинуваат: Спортско радио 90,3 ФМ, 1 ТВ и Сител додека во групата „В“ ќе настапуваат: Канал 77, АЛФА ТВ и МРТВ 2.

На турнирот покрај официјалните дуели на медиумите ќе има и мечеви меѓу компаниите и повеќе ревијални од типот на: Новинарки-Пејачки, Спортски легенди/ Скопје-Битола, П.С АЕРОДРОМ – П.С ГАЗИ БАБА, како и натпревари меѓу Општините, ОО Училишта, Факултетите и фудбалските школи. Влезот е бесплатен.

