Со натпреварите кои ќе бидат одиграни вечерва стартува новото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија.
И оваа година Спортското радио 90,3 е организатор на овој турнир каде настапуваат вработените од медиумите од нашата земја. Поделени во 3 групи, 9 медиуми ќе се натпреваруваат, но пред се ќе се забавуваат.
Вечерва турнирот го отвараат МРТВ и Канал 5 со мечот во 19.50, а потоа ќе играат Канал 77 – Алфа ТВ и Спортско радио 90,3 – Сител ТВ. Исто така вечерва не очекуваат и два ревијални натпревари меѓу Општина Гази Баба и Општина Ѓорче Петров, како и дуелот меѓу ЕВН и Астра Казино.
ЧЕТВРТОК (13.12.2018)
| ТЕРМИН | НАТПРЕВАР | |
| 19.50 | МРТВ – КАНАЛ 5 | |
| 20.30 | КАНАЛ 77 – АЛФА | |
| 21.10 | Ревијална Општина Гази Баба- Општина Ѓорче Петров | |
| 21.50 | СПОРТСКО РАДИО 90,3 – СИТЕЛ | |
| 22.30 | Ревијална ЕВН – АСТРА КАЗИНО | |
| ГРУПА „А“ | ГРУПА „Б“ | ГРУПА „В“ | |||
| А1 | МРТВ | Б1 | Спортско Радио 90,3 | В1 | Канал 77 |
| А2 | Канал 5 | Б2 | 1 ТВ | В2 | Алфа ТВ |
| А3 | ТВ Шења | Б3 | Сител | В3 | МТВ 2 |
Да потсетиме дека влезот е слободен и сите кои сакаат да проследат интересни натпревари се добредојдени во малата сала на СЦ„Јане Сандански“

