Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, предизвика револт кај фудбалерите откако закажа тренинг на Божиќ.
Португалскиот стратег нема да им даде на играчите слободен ден за време на престојните празници а тие ќе мора да тренираат и на Божиќ. Мурињо и минатата година сакаше да работи на Божиќ, но, му беше кажано дека е тоа невозможно бидејќи луѓето кои се вработени во тренинг центарот ќе мораат да дојдат на работа а по правило тоа е неработен ден.
Сега клубот ќе мора да ангажира додатен персонал само за тој ден бидејќи тренерот на „црвените ѓаволи“ инсистира да се одржи тренинг и на Божиќ.
