Врховниот суд на Италија ја одби жалбата на фудбалскиот состав на Јувентус и донесе одлука Интер да ја задржи титулата од 2006 година.
Како што е познато, шампион во Серија „А“ во спомената година беше Јувентус предводен од Фабио Капело, но, по големиот скандал со однапред договорени натпревари нарече –„Калчополи”, првото место по службен пат им беше доделено на „нероазурите” а „Старата Дама“ од Торино беше преселна во Серија „Б“ .
Во 2016 година Апелациониот суд во Рим го отфрли барањето на Јуве да ја врати титулата а сега истото се случи и во Врховниот суд. Така Скудетото ќе остане запишано во историјата на Интер иако луѓето од Торино во континуитет нагласуваат дека таа титула ја вбројуваат во богата ризница на освоени пехари и трофеи.

