Испаѓањето на Милан во групната фаза на Лигата на Европа е најслабиот настап на тимот на меѓународната сцена од почетокот на 21 век.
„Росонерите“ беа елиминирани синоќа откако загубија со 3:1 на гостувањето кај Олимпијакос. На овој начин, Грците обезбедија место во 1/16 финалето за сметка на “црвено-црните”, благодарение на подобрата гол-разлика.
По вторпат од почетокот на овој милениум, Милан е елиминиран во групната фаз ана некое европско натпреварување. Во сезоната 2000/01, седумкратниот европски шампион не успеа да ја прескокне втората фаза на Лигата на шампионите.

