Француската Лига 1 одложи пет натпревари од 17. коло на елитната француска фудбалска лига поради безбедносни причини.
Минатиот викенд исто така половина од натпреварите од тековното коло не се одигра како превентива заради најавените протести. Демонстрациите предводени од „Жолтите елеци“ низ цела Франција ги сфаќа многу сериозно и никој не сака да ризикува. Одложени се натпреварите: Нант – Монтпелје, Генгамп – Рен, Дижон – ПСЖ и Олимпик (М) – Бордо.
Натпреварот меѓу Каен и Тулуз е одложен за во вторник.

