Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас не е задоволен од својот статус на резерва откако екипата е под воство на Сантијаго Солари и веќе планира да го напушти тимот, пишува весникот „АС“.
Посакуваната дестинација му е Премиер лигата. Неговите агенти работат на оваа задача веќе неколку недели, барајќи англиски тим со предлог кој ќе ги задоволи условите на костариканецот. Од клубот ветал дека го разбираат својот голман и се подготвени да му дозволат на играчот по крајот на сезоната, но не и во зима, да си замине од клубот. Причината за тоа е што доколку Тибо Куртоа заработи повреда нема да има адекватна замена.
Навас беше меѓу стартерите кај Зинедин Зидан, но по пристигнувањето на Куртоа постепено го загуби своето место меѓу стартните единаесет.
