Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со неколку повредени фудбалери пред мечот со Евертон со кој ќе се отвори седумнаесеттото коло во Премиер лигата.
Тој ќе ги нема на располагње Менди и Давид Силва, но, се надева дека другите меѓу кои и Де Бруин и Агуеро ќе се опорават навреме и ќе можат да се вклучат во екипата. Шпанецот на денешниот пресс, потенцира дека нема намера да купува играчи во текот на зимскиот преоден рок иако во пролетниот дел од сезоната ќе го очекуваат настапи на неколку фронта.
„Не планирам да купам нови фудбалери. Последните проблеми со повредените играчи нема да променат ништо. Позитивно е што се враќаат Агуеро и Де Бруин, тие може да бидат опција за мечот со Евртон“ – изјави Гвардиола.
