Една од ѕвездите на Ливерпул Мохамед Салах втора година по ред ја освои наградата во анкетата на „BBC“ за најдобар африкански фудбалер.
Египетскиот репрезентативец собра најголем број на гласови и беше подобар од од сенегалскиот соиграч во Ливерпул Садио Мане, како и од Мехди Бенатиа (Јувентус / Мароко) Калиду Кулибали (Сенегал /Наполи) и Томас Парти (Атлетико Мадрид / Гана).
Минатата сезона Мохамед Салах постигна 44 гола за Ливерпул во сите натпреварувања и стигна со Ливерпул до финалето во Лигата на Шампионите. Потоа учествуваше со „фараоните” на Светското првенство во Русија, а од почетокот на оваа сезона има 13 погодоци за „црвените” во сите натпреварувања.

