Во организација на Македонската карате Федерација, деновиве се оддржа Меѓународниот турнир во карате – ,,Трофеј на Македонија“ на кој настапија спортисти од :Турција, Словенија, Бугарија, Косово, Албанија и комплетната сениорска репрезентација на нашава земја.
Каратистите на Макпетрол кои се стандардни репрезентативци во сениорската репрезентација, освоија седум медали, од кои 1 златна, 5 сребрени и 1 бронзена медала. Тоа го направија: Анѓела Мојсовска златен медал категорија -68 кг, Наташа Стефановска сребрен медал -61 кг, Моника Пендаровска сребрен медал -55 кг, Давид Петков сребрен медал -67 кг, Петар Заборски сребрен медал -75 кг, Петар Спасеновски сребрен медал -84 кг и Моника Стефановска бронзен медал -68 кг.
Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, изјави, дека сме имале шанси за повеќе златни медали и дека каратистите во јануари имаат два значајни турнира во Хрватска и во Светската премиер карате лига во Париз.