Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, направи интересна анализа во обид да објасни зошто неговиот тим загуби на вчерашното дерби во Премиер лигата на теренот на Ливерпул.
Според Португалецот, неговите фудбалери не можеле да парираат на високото темпо на противникот бидејќи повеќе од нив се перманентно повредени и не можат да бидат во оптималната физичка форма. Специјалниот за тоа ги обвини неговите претходници, Луис ван Гал и Дејвид Мојс.
„Имаме многу фудбалери кои се речиси секогаш повредени и никогаш не можам да ги користам. Така беше и пред мене, ќе го видите тоа ако ги погледнете статистиките на Ван Гал и Дејвид Мојс. Има многу играчи во тимот кои биле континуирано повредени и затоа им е тешко да се вратат во добра физичка форма“ – потенцираше Мурињо
