Барселона е заинтересирана за фудбалерот на Челзи Андреас Кристенсен, тврдат шпанските медиуми.
Каталонците имаат сериозни проблеми со повредените дефанзивци, па се во потрага по времено решение. Данскиот дефанзивец и онака не е прв избор на Сари, па можеби „сините“ нема да прават проблеми за евентуално негово заминување од Лондон.

