Сагата околу фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио и неговиот нов договор веќе заврши. Францускиот репрезентативец категорично одби уште предлог за договор, по што цврсто е решен да замине од Париз по завршувањето на сезоната и тоа како слободен фудбалер.
Спортски директор на парижани, Антеро Енрике, кој вели дека е лут на исходот од преговорите, потврди дека 23-годишниот фудбалер заминува од Париз ова лето.
„Имавме повторно средба со играчот и тој беше категоричен дека не сака да потпише нов договор и сака да си замине како слободен агент во текот на летото”, објави Енрике пред медиумите во Франција.
„За самиот Рабио оваа одлука ќе има последици и тој ќе остане на клупата на неодредено време. Тој и неговите претставници за жал покажаа непочитување кон клубот”, додаде тој.

