Жозе Мурињо доби отказ. Лошите резултати и последниот дебакл на гостувањето кај Ливерпул му пресудија на португалскиот стратег, кој денеска доби отказ на менаџерското место на „Олд Трафорд“.
Веста беше потврдена на официјалниот „Твитер” профил на Манчестер Јунајтед. Клубот му се заблагодари за сиот придонес кој го имаше за екипата во изминатиот период и му посакуваат се најдобро во иднина.
Како што и претходно објавивме, заминувањето на Мурињо, Манчестер Ј. ќе го чини многу пари. Најверојатно Португалецот ќе доби најмалку 24 милиони фунти за преостанатиот дел од договорот, плус отштета. Засега не се споменуваат имиња за негов наследник.

