Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, проговори за иднината на дефанзивецот Калиду Кулибали, кој е мета на најголемите европски гиганти. Според претседателот на наполитанците, Кулибали е врвен фудбалер и за него некој треба да плати добро за да го купи.
„Ние сме способни да развиеме играчи на највисоко ниво и да ги задржиме во клубот. Кога ќе понудат 95 милиони фунти за централен дефанзивец – сума што никогаш не му била дадена на играч од оваа позиција, тоа значи дека станува збор за врвен играч“, вели Де Лаурентис.
Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи Кулибали, но Наполи категорично одби да разговара за негова продажба.
