Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер, постави нов рекорд во Бундеслигата. Шпанецот веќе има 10 гола откако во игра влегува од клупата за резерви. Последниот погодок за Алкасер дојде при поразот од Фортуна Дизелдорф синоќа.
Пако Алкасер влезе како резерва во 61-та минута, а во 81-та постигна гол за 1:2, со што само го ублажи поразот на својата екипа. Шпанецот стана првиот играч кој постигна толку многу голови од клупата во една сезона во Бундеслигата. Инаку, досега Алкасер има вкупно 12 голови во Бундес друштвото оваа сезона.

