Претставниците на Вест Хем заминале за Турција да преговараат со Бешикташ за трансферот на играчот од средниот ред Гари Медел.
Чилеанскиот репрезентативец, кој исто така може да игра како централен дефанзивен играч, има искуство во Премиер лигата откако беше дел од тимот на Кардиф во сезоната 2013/14. Потоа Медел играше за Интер во три последователни сезони, а сега е веќе втора година во Бешикташ.
„Скај Спортс“ објави дека Вест Хем веќе дал понуда за купување на играчот од средниот ред. Раководството на гигантот од Истанбул е подготвен да се раздели со 31-годишниот Медел, а договорот би бил потпишан во јануари.
Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини, бара нов играч од средниот ред, откако неговиот тим прими 25 погодоци на 17 натпревари во Премиер Лигата.

