Фудбалерите на Тотенхем успеаа вчера на гостински терен да го совладаа Арсенал со 2:0 и да обезбедат место во полу-финалната рунда во Лига купот на Англија.
Тренерот на победничкиот состав, Маурисио Покетино, изјави дека неговите избраници ги очекува тежок пат до финалето бидејќи во наредната рунда ги очекува ново лондонско дерби против тимот на Челзи кој вчера го елиминираше Бурнмаут.
„Ќе биде тешко. Досега игравме со Вотфорд, Вест Хем и “Арсенал. Ќе видиме што ќе се случи. Челзи навистина е одличен тим, но, ние сме среќни што сме во полу-финалето“ – изјави Почетино. Во вториот меч ќе се сретна Манчестер сити и екипата на Бартон.
