Италијанските медиуми објавија дека челниците на Милан му поставиле ултиматум на тренерот Џенаро Гатузо. Тоа не е изненадување ако се земе в предви дека клубот од Сан Сиро го заврши настапот уште во групната фаза во Лигата на Европа додека во Серија „А“ се наоѓа далеку од посакуваната позиција во врвот на табелата.
„Росонерите“ подолг период немаат победа што само ја зголемува нервозата кај првите луѓе на тимот кои во текот на летото издвоија голема сума за засилувања, но, тоа очигледно не донесе фект во тековнава сезона.
Гатузо сега има ултиматум да забележи добри резултати во наредните три натпревари против Фиорентина, Фросиноне и Спал.
