Англискиот фудбалски состав, Борнмаут, нема намера да го продаде најдобриот стрелец во јануарскиот трансфер-период, Калум Вилсон.
26-годишниот напаѓач има одлична сезона во Премиер лигата откако во 16 натпревари постигна осум голови и направи 6 асистенции.Токму со таквиот ефект, црномурестиот играч го привлече вниманието на неколку клубови меѓу кои влегува и Челзи.
„Калум е играч на Борнмут кој е многу, многу сконцентриран на настапите за нашиот тим. Мислам дека го докажува на теренот. Не гледам опција да се разделиме со него во јануари” – искоментира менаџерот, Еди Хај.

