Раководството на Челзи оствари разговори со италијанските гиганти Милан и Јувентус во врска со можноста да го привлече на позајмица до крајот на сезоната напаѓачот Гонзало Игуаин.
Во моментов аргентинскиот репрезентативец игра под наем на “Сан Сиро” и без дозвола на гигантот од Милано, тој нема да може да замине на нова позајмица во Англија.
Менаџерот на лондончани Маурицио Сари го познава добро Игуаин од времето кога работеа заедно во Наполи и го сака по секоја цена во лондонскиот тим. Се очекува во следните денови да има малку повеќе информации дали ваквата зделка може да се оствари.

