Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, изјави дека Ливерпул и Манчестер Сити се фаворити и главни претенденти за титулата во Англија, но и лондончани ќе се обидат да се вклучат во битката за тронот.
Екипата на Почетино моментно го зазема третото место на табелата со 42 бода по 18 одиграни натпревари и се наоѓа на 2 бода зад шампионот Сити и на 6 бода зад лидерот Ливерпул.
„Се уште мислам дека Ливерпул и Манчестер Сити се реалните фаворити да ја освојат титулата во Премиер лигата. Ние исто така имаме шанси, како и Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед. Но треба да побрзаме, бидејќи имаме долг пат за стигнување“, вели Почетино.
