Јувентус го убеди Арон Рамзи да го потпише договорот следното лето, велат извори од Италија, вклучувајќи ги и „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“. Италијанскиот првак победи на натпреварот за потписот на велшкиот интернационаелц, нудејќи му солидна плата од 10 милиони евра годишно.
Интересот за Рамзи, чиј договор со Арсенал истекува по крајот на сезоната, имаше од Париз Сен Жермен и Интер. Сепак, последните вести велат дека Јуве веќе се договорил со играчот кој ја прифатил неговата понуда.
Значи, Јувентус втора година по ред ќе го зацврсти средниот ред со класа фудбалер, без да плати за трансферот. На ист начин, Емре Чан од Ливерпул дојде во клубот во текот на летото. Факт е дека тие нема да плаќаат за трансфер, а тоа му дозволува на тимот да понуди солидна плата од 10 милиони евра по сезона за да го убеди Рамзи.
