Интер планира да го продаде играчот од средниот ред Раџа Наинголан и тоа веќе во оваа зима, пишува „Газета дело Спорт“.
Вчера белгискиот фудбалер беше отстранет од тимот поради „дисциплински престап”. Се верува дека тој неколку пати е доцнел на тренинг, што го налутило тренерскиот тим на Интер.
Интер се лути на Наинголан, кој беше привлечен во текот на летото од Рома за 38 милиони евра. Ова значи дека сопствениците на Интер се одлучиле да го продадат Наинголан, доколку во јануари добијат понуда за него.
Тие се надеваат дека барем ќе ги намалат своите загуби. Се верува дека постои интерес за белгискиот играч од кинескиот Гуангжу Еверграде каде тренер е Фабио Канаваро.

