Дефанзивниот играч на Челзи, Гери Кејхил бил понуден на Интер и на Рома. 33-годишниот ветеран не спаѓа во плановите на лондонскиот менаџер Маурицио Сари. Затоа, англискиот репрезентативец веќе бара нов клуб.
Интерес за Кејхил има и од Милан, но неодамна тој се откажа од оваа намера, а се фокусираа кон Сеск Фабрегас.
Сега одбрандбениот играч е понуден на два други клуба од Серија „А“ – Интер и Рома. Но, тие исто така не се премногу заинтересирани за опцијата да го земат Кејхил во нивните редови. Интер има доволно опции во овој дел од теренот, па дури и Жоао Миранда се продава, клубот исто така го има Андреа Ранокија и тешко дека ќе бара друг играч.
Рома се малку повеќе заинтересирани да го однесат Англичанецот, но тие ќе конкурираат само ако се разделат со Иван Маркано, кој сака да се врати во Шпанија.
