ПСЖ ќе го обнови договорот со легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон. Буфон дојде во дресот на ПСЖ минатото лето како слободен агент и потпиша договор на 1+1 година. И покрај тоа што има речиси 41 година, поранешниот капитен на Јувентус продолжува да брани на највисоко ниво.
Токму затоа, ПСЖ ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе му го продолжи автоматски уште 12 месеци. Веста се очекува да биде официјално објавена за неколку дена.

