Унаи Емери, тренерот на фудбалерите на Арсенал, на последната средба со новинарите пред дербито на теренот на Ливерпул, вели дека неколку првотимци ги санирале повредите и дека ќе може да настапат на – „Енфилд Роуд“.
„Мустафи добро се покажа на последниот тренинг и може да влезе во ротација. Има уште неколку играчи што ги санираа повредите и ќе може да ги искористам за мечот со Ливерпул“ – потенцираше Емери.
Познато е дека во болницата на „топчиите“ од поодамна се: Белерин, Мавропанос, Холдинг, Мхтаријан, Смит , Велбек и Монреал. Според, Емери, дел од нив може да излезат на мегдан со лидерот на Премиер лигата кој е единствениот тим досега без пораз во 19 одиграни кола.
