Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ваучерскиот систем за поддршка на спортот ќе стартува на 1 јануари 2019
    Домашен микс

    Ваучерскиот систем за поддршка на спортот ќе стартува на 1 јануари 2019

    dinoBy dino28/12/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Стручен тим од Агенцијата за млади и спорт предводен од Директорот, Дарко Каевски заедно со посебните советници за спорт од Владата на РМ, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев, денеска реализираа средба со претставниците на спортските федерации и спортските работници.

    На истата беа дефинирани критериуми за користење на Ваучерите во спортот како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година а се потенцираше и потребата од  формирање на посебно тело во Агенцијата за млади и спорт чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што целиот процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски и инклузивен пристап со сите спортски субјекти. Преку тој  систем,  на обврзникот кој  донирал финансиски средства на спортски субјект ќе му се намалува  пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но, најмногу  до  50%   од  пресметаниот данок.

    „Целиот процес се води низ транспарентен и инклузивен пристап. Со тој систем ќе има нови 6 милиони евра со што значително ќе се подигне нивото за развој на квалитетот и ќе се зголеми финансиската моќ на спортските колективи. Клубовите и федерациите ќе може преку ваучер систем да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на програмите“ – стои во соопштението на АМС поврзано со денешниот состанок.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.