Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека борбата за титулата во Премиер лигата ќе завршеше ако неговиот тим загубеше од Ливерпул, но победата од 2:1 сега ја врати неговата екипа во борбата за титулата.
„Поразот требаше да значи крај за сите нас. При предност од десет бодови е тешко, да бидеме искрени, но сега сме четири поени зад нив. Треба да се бориме многу, но четири бодови се доволни за да сме смирени и е добар момент за да ги поздравам и да им се заблагодарам на овие неверојатни играчи. Беше добар спектакл и двата тима играа на победа. Ова беше финале за нас. Важно беше да играме со храброст. Ние создадовме многу шанси за гол”, изјави Пеп Гвардиола.
Шпанецот го пофали Лапорт за неговиот настап, иако играше на невообичаена позиција за него.
