Челзи нема да го ослободи играчот од средниот ред Цеск Фабрегас се додека за него не најде адекватна замена. Ова е ставот на клупското раководство, по најавите дека Шпанецот е трансфер цел на француски Монако.
31-годишниот играч за врска ќе мора да почека малку со преселбата во Франција се додека лондонскиот клуб не најде замена за него. Претходно во медиумите беше објавено дека шпанскиот фудбалер веќе се согласил со условите од договорот со составот од кнежеството.
Договорот со Фабрегас со Челзи е активен до крајот на оваа сезона.
