Во сериозна трка по ѕвездата на Фиорентина, Никола Миленковиќ влегувата две екипи од Манчестер. Манчестер Јунајтед и шампионот Манчестер Сити го посакуваат српскиот дефанзивец како засилување на одбраната. Двата гиганти се подготвени да понудат 50 милиони евра на Фиорентина.
Миленковиќ беше поврзан со трансфер во Атлетико Мадрид за сума од околу 40 милиони евра во текот на изминатата лето. 21-годишниот дефанзивец се смета за еден од најдобрите одбрандбени играчи во Серија „А”, а досега има одиграно 18 натпревари оваа сезона. Во нив, Миленковиќ успеа да постигне гол двапати.
Србинот беше купен од Фиорентина летото 2017 година. Тогаш „виолетовите” му исплатија на Партизан 5,1 милиони евра за правата на играчот, а сега би можеле да заработат 10 пати повеќе.

