Напаѓачот на Борусија Дортмунд Пако Алкасер имаше навистина одличен старт на сезоната во дресот на Борусија Дортмунд, успеа во првиот дел од истата да постигне 12 гола и стана голгетер на полусезоната во Бундеслигата.
На поранешниот фудбалер на Барселона не му беше проблем и тоа што на поголемиот дел од натпреварите влегуваше од клупата зе резервни играчи: Интересно е дека само на 15 натпревари тој го сруши рекордот за најмногу голови, постигнати од клупата за една сезона во Бундеслигата.
„Воопшто не размислувам за тоа дали влегувам од теренот или го почнувам мечот од почеток. Во мојата глава има само една мисла – сакам да постигнам гол, за да му помогнам на тимот”, изјави Пако Алкасер.
„Најпосле повторно се чувствувам значаен откако станав дел од Борусија Дортмунд. Во последните две години играв многу ретко во Барселона. Затоа и ја разбирам одлуката на тренерот тука да не ме пушта редовно како стартер.
Не сум многу среќен да седам на клупата, но сè е во ред, штом победуваме. Секогаш е убаво да освојуваш трофеи. Многу сум благодарен на Борусија што по само три месеци ја искористија опцијата за купување. Доаѓам во овој тим, бидејќи го сметам за врвен тим”, додаде Алкасер.

