На Светското ракометно првенство во Германија и Данска денеска ќе бидат одиграни мечевите од второто коло во групите „Б“ и „Д“.
Македонија со почеток во 14.00 часот во арената во Минхен, ќе излезе на мегдан со селекцијата на Бахреин која ќе ја има улогата на аутсајдер.. Ние на стартот ја совладавме убедливо Јапонија додека Бахреин загуби од селекцијата на Шпанија. Мечот Македонија – Бахреин ќе го судат Рамзи Хениси и Исмаил Булуча од Тунис. Тие во првото коло го водеа дуелот меѓу Хрватска и Исланд кој им припадна на „коцкестите“.

Во другите денешни мечеви ќе играат:Катар-Египет, Хрватска-Јапонија, Шпанија-Исланд, Унгарија-Анола и Шведска –Аргентина.

