Македонија одигра одлично прво полувреме против селекцијата на Шпанија, но очигледно лошиот старт на вториот дел беше пресуден за лошиот резултат на крајот на натпреварот.
Крилото на Македонија, Мартин Поповски бешереален дека лошто второ полувреме не донесе до убедлив пораз против Шпанија.
„Во првиот дел бевме одлични, нашиот голман беше одличен. Но, вториот дел го почнавме лошо, противникот тоа го искористи и плативме превисока цена. Сепак, нашето финале е мечот со Исланд и верувам дека сме подготвени за тој дуел со Исланд. Честитки за Шпанија и многу успех понатаму на ова СП“, изјави ракометарот на Македонија и Вардар.