По Енди Робертсон, Ливерпул ја осигура и иднината на десниот бек Трент Александер-Арнолд. И тој потпиша нов петгодишен договор со „црвените“, кој практично ќе гоз адржи во клубот до 2024 година.
Александер-Арнолд блесна во првиот тим минатата сезона и се наметна како прв избор на менаџерот Јирген Клоп. Со своите добри игри дојде и до англиската репрезентација и беше дел од тимот на Светското првенство во Русија минатото лето.