Раководството на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј влезе во преговори со Ница за напаѓачот Марио Балотели. Двата клуба дебатираат околу платата на играчот и се очекува во рок од неколку дена Италијанецот да се пресели на „Велодром“.
Според француските изданија, договорот е практично обезбеден, а „Супер Марио“ има огромна желба да го облече дресот на славниот тим од „Велодром“.
Во тековната сезона Балотели одигра само 10 натпревари за Ница.