Реал Мадрид постигна договор со Порто за трансфер на дефанзивецот Едер Милитао и за него ќе плати 50 милиони евра. Сепак, трансферот ќе стане официјален дури по завршувањето на сезоната.
Милитао одамна е на радарот на Реал, затоа што освен како централен дефанзивец може да игра и како дефанзивен играч за врска, а освен тоа веќе е и репрезентативец на Бразил.
Во Порто се пресели од Сао Паоло минатото летото и за кратко време успеа да импресионира со настапите за тимот. Оваа сезона фудбалерот има 15 натпревари во португалскиот шампионат и 5 во Лигата на Шампионите.