Големата ѕвезда на шведскиот и европскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, имаше посебен совет за првиот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн. Популарниот Ибра го советува голгетерот на „спарси“ да го напушти тимот од Лондон доколку сака да види како се освојуваат значајните трофеи.
„Кога бев во Англија видов како игра. Мислам дека е добар напаѓач. Играњето во голем клуб а не во просечен каков што е Тотенхем ќе ви овозможи да напредувате“ –изјави Ибрахимовиќ.
„Мислам дека може да успее само ако замине, ако сака да победува мислам дека му е потребна промена. Тотенхем има одлична екипа и одличен тренер но, не е на тоа ниво да може да освојува трофеи“ – нагласи Ибрахимовиќ.
